Причините поради кои ќе се повтори ждрепката за ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ждрепката за осминафиналето во Лига на шампиони (ЛШ) ќе се повтори во 15 часот, откако се случи скандал на правата во 12 часот, откако Манчестер јунајтед беше извлечен како противник на Виљареал, иако такво нешто не беше можно.

Уште една грешка се случи кога топчето на Манчестер јунајтед не се најде во шеширот кога се извлекуваше ривалот на Атлетико, но освен овие грешки, имаше и други.

Топчето на Реал Мадрид се најде во шеширот кога се влечеше противникот на Виљареал, а исто така и Ливерпул беше во опциите за Атлетико, иако двете екипи беа во иста група.

Ова се аматерски грешки на УЕФА, која не се ни извини поради грешките, туку реши да си ја повтори ждрепката и да ги објави осминафиналните парови.