Пријател на поранешниот возач откри: Состојбата на Шумахер е катастрофална!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Германските медиуми пишуваат дека состојбата на Михаел Шумахер е катастрофална, иако официјални информации од семејството сè уште нема.

Несреќата се случи во 2013 година на скијање, по што семејството не сакаше да открие детали за состојбата на поранешниот возач.

Бившиот возач и пријател на Шумахер, Џони Херберт кажа дека состојбата на Шумахер е катастрофална, односно несреќата го променила и неговиот брат.

„Кога Ралф работеше за ‘Скај Германија’ се сретнувавме често. Сега тој мора да направи многу работи за своето семејство. Тој созреа, тој е многу поразлична личност од несреќата на брат му“, вели Херберт.