„Приказната околу Маскерано е затворена“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Генералниот директор на Јувентус Џузепе Марота изјави дека Хавиер Маскерано нема да дојде во торинскиот клуб.

Во последно време странските медиуми интезивно пишуваа за тоа дека Јувнетус сака да го доведе Маскерано, меѓутоа дека од целата приказна нема ништо за Марка потврди и Џузепе Марота.

„Барселона не сака да го продаде Маскерано и приказната за неговото доведување е затворена“, јасен е генералниот директорот на Јувентус.

Торинскиот клуб така ќе мора да се задоволи со доведување на еден играч од Барса, поради тоа што е познато дека редовите на шампионот на Италија ќе го засили Дани Алвеш.