Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го посакува
Баш како и во минатото така и ова лето Јувентус ќе се најде пред голем предизвик во Торино да го задржи Миралем Пјаниќ.
Босанскиот репрезентативец оваа сезона стана главен играч во средниот ред на еден од најдобрите тимови на денешницата па затоа не е чудно што Реал Мадрид сакаат да го видат во нивниот состав.
Водејќи се според Марка, италијанскиот Тутомеркато тврди дека менаџерот на Пјаниќ, Фали Рамадани, денес во тренинг центарот на Лос Бланкос одржа состанок со спортскиот директор на Реал Мадрид, Анхел Санчез.
Јавна тајна е дека босанскиот репрезентативец е голема желба на Зинедин Зидан кој сака да го „освежи“ средниот ред на тимот. Бјанконерите за 29-годишниот везен сметаат дека е недостижен, но кога Реал „чука на врата“, тешко е да се каже не.
Според некои шпекулации, клубот од шпанската престолнина можно да им го понуди Тони Крос на Старата дама или 80 милиони евра.
Во август минатата година, Пјаниќ официјално е под заштита на еден од највлијателните менаџери на денешницата, Фали Рамадани.
Тогаш за доведувањето на босанскиот репрезентативец инсистираше Челзи, но сето тоа заврши кога Пјаниќ го продолжи договорот со Јувентус до 2023 година, со годишна плата од 6.5 милиони евра.
Инаку, освен Пјаниќ една од темите на состанокот била и ангажирање на Лука Јовиќ, играчот кој Барса најмногу го посакува.