Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Њукасл треба да добие нов сопственик наскоро, но има добри шанси да не бидат богатите шеици од Саудиска Арабија.
Имено, со оглед на проблемите што ги имаат потенцијалните купувачи од Саудиска Арабија, Њукасл би можел да добие друг сопственик.
Станува збор за Хенри Маурис, сопственик на ТВ-компанија од Америка наречена Clear TV, кој испрати понуда од 350 милиони евра за да го преземе Њукасл.
Сепак, тој ја испрати понудата само под еден услов, а тоа е дека ќе му биде дозволено да го преземе клубот пред почетокот на следната сезона.
Тој исто така се чини дека има големи амбиции, но останува да се види што ќе се случи со Њукасл на крајот, и во чии раце ќе оди.