Пристигна потврда од агентот: Бејл ќе си оди од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл по девет години поминати во Рел Мадрид ќе си замине од клубот, а тоа го потврди и неговиот агент, Џонатан Барнет.

Бејл ќе се врати во Англија, но засега не е познато во кој тим ќе игра следната сезона. Тој не добиваше шанса во Мадрид во последно време, зашто Реал сакаше побрзо да се ослободи од неговите услуги и голема плата.

„Бејл ќе го напушти Реал Мадрид. Тој сака да се врати во англискиот фудбал, но тоа зависи и од Велс и квалификациите за Светското првенство“, кажа Барнет.

„Кралевите“ платија 100 милиони евра за услугите на Бејл во 2013 година, а заедно освоија 18 трофеи.