Пристигнува наследникот: Синот на Михаел Шумахер е блиску до Формула 1!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел Шумахер, наскоро би можел да добие шанса во Формула 1.

Дваесет и едногодишниот Мик во моментов се натпреварува во Формула 2 за Перм Теодор Рејсинг и привлече големо внимание од екипите во Ф1 шампионатот, па минатата година потпиша договор со Ферари како возач на нивната академија.

Сепак, Мик би можел да добие шанса во Алфа Ромео наместо легендарниот Кими Раиконен. Ова го потврди неговиот чичко Ралф.

“За него ова ќе биде многу важна сезона во Формула 2 и ќе видиме како се развива. Мислам дека му треба малку повеќе време. Мик има големи шанси да се најде во Ф1 од следната сезона во Алфа Ромео. Кими би требало да си замине, а Антонио Џовинаци не е толку квалитетен возач. Мислам дека еден млад возач како Мик ќе добие шанса “, рече Ралф Шумахер.

Од друга страна, друга легенда во Ф1, Ник Хајдфилд смета дека Шумахер би можел да добие шанса оваа сезона.

„Не би бил изненаден ако се случи тоа, особено ако тој извози добро во Формула 2. Јас не би бил изненаден ако тој скокне во средината на сезоната наместо Џовинаци“.

Сепак, Мик сè уште нема лиценца да вози во Ф1, но сигурно ќе го видиме овој 21-годишник меѓу најдобрите возачи во светот следната сезона.