Притисокот расте: Ѓоковиќ знае кои се условите за да игра во Мелбурн!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крег Тајли, директорот на австралискиот тениски сојуз, не очекува да има проблеми по одлуката само вакцинирани тенисери да играат во Мелбурн.

Главна тема во австралиските медиуми е дали тоа значи дека таму нема да биде најдобриот во свет, Новак Ѓоковиќ, иако тој јавно не кажа дали е вакциниран или не.

„Не очекувам да има многу невакцинирани тенисери. Зборувавме со Ѓоковиќ и неговиот тим и тие ги знаат условите ако сакаат да играат на Австралијан опен. Знаат дека услов е да се вакцинирани, не само тенисерите, туку и навивачите и останатиот персонал. Тој кажа дека тоа е приватна одлука за него и дека ќе ни каже на време дали ќе настапи. Знам дека сака да игра“, вели Тајли.

Исто така, Тајли кажа дека бројот на вакцинирани тенисери се зголемил на 80 отсто во претходните шест недели и бројката продолжува да расте.