Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио се наоѓа во голем проблем со ковид-19. Тимот од Рим играше ослабен во мечот против Клуб Бриж во рамки на второто коло од Лигата на шампиони. Поради позитивни тестови не патуваа Чиро Имобиле, Луис Алберто, Леива и Андерсон.
Клубот од Рим имаше ново тестирање на ковид-19 во петокот, а резултатите покажаа дека има уште заразени фудбалери. За тоа беше известена јавноста, но не е откриен идентитетот на позитивните.
„Некои членови на нашиот тим беа позитивни, по вчерашното редовно тестирање. Екипата денеска ќе го повтори тестирањето за да знаеме точно на кого може да сметаме за утрешниот натпревар. цел тим во моментов е во карантин“, соопштија од Лацио.