Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот европски првак Вардар следниот четврок ќе игра против ПИК Сегед во рамки на третото коло од ракометната Лига на шампиони.
Пред мечот пристигна информација дека на трибините ќе се вратат навивачите, па тимовите ќе излезат пред речиси 1.000 навивачи.
Сепак, секој не може да влезе на трибините. Такво нешто ќе им биде овозможено на тие кои имале валидни влезници за минатата сезона.
Исто така, ќе треба да се почитуваат сите епидемиолошки мерки и правила, како што е одржувањето на растојание од 1,5 метри, а на навивачите ќе им се мери и температура пред влез во салата, а температурата не смее да надмине 37,5 степени.