Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома синоќа на свој терен во одличен натпревар ремизираа против Џенова (3-3) во првото коло од Серија А.
Двете екипи одиграа фантастичен меч, а најубав момент на натпреварот беше во 57. минута кога преубав гол од слободен удар постигна Александар Коларов. Србинот уште еднаш докажа дека е вистински мајстор за слободни удари.
Мешутоа, неколку минути подоцна дојде до расправија помеѓу Коларов и Пелегрини. Тогас слободниот удар беше во подобра позиција за десничар и Пелегрини сакаше да го изведе, но Коларов тоа не го допушти.
Пелегрини беше лут поради тоа дури започна и да го пцуе Коларов, а српскиот играч само му порача:
„Фокусирај се на фудбалот сега, а подоцна ќе разговараме во соблекувалната“.