Проблеми во Рен: Корона вирусот го контролира ритамот на тренинзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата сезона во Франција започна изминатиот викенд, а веќе денес Рен се соочува со големи проблеми.

Имено, откако еден фудбалер со позитивен тест на корона беше откриен во четвртокот, два дена пред дуелот со Лил, ја известија јавноста за уште три нови случаи од вчера во Рен.

„Штом беа познати резултатите, играчите беа изолирани и беа сместени во петнаесетдневна изолација“, посочија од Рен.

Тие додадоа дека според упатствата на КОВИД протоколот, тие ќе ги прилагодат своите тренинзи и дека ќе тренираат во помали групи .

Конечно, да Ве потсетиме дека Рен одигра нерешено со Лил во првото коло од шампионатот.