Проблеми во соблекувалната на Реал Мадрид: Анчелоти се пожали по мечот на „Итихад“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера беше одигран неверојатене меч меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, а на крајот триумфираше премиерлигашот со 4-3.

Манчестер сити пропушти голем број шанси за убедлива победа, па на крајот славеше само со еден гол предност (4-3), а тоа е проблем пред реваншот во Мадрид.

По натпреварот своите впечатоци за дуелот ги откри и тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, кој призна дека неговите фудбалери не го следеле планот кој бил договорен во соблекувалната.

„Играчите не играа според планот, кој беше договорен. Не требаше да напаѓаме, туку да се браниме и на крајот ништо не остваривме. Почнавме многу лошо и примивме два гола, но успеавме да се вратиме“, вели Анчелоти.