Проблеми за Борусија за претстојното дерби против Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд синоќа на својот стадион после пресврт стигна до победа против Интер со резултат – 3:2.

Милионерите така направија голем чекор кон премин во нокаут фазата во Лигата на Шампионите, но добија и некои лоши вести.

Имено, Џејдон Санчо се повреди на овој натпревар и излезе од игра во 82. минута, а Борусија денес потврди дека тој е повреден и дека неговиот настап на дербито против Баерн е под голем знак прашалник.

„Санчо во натпреварот против Интер доживеа повреда на задната ложа. Во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе настапува против Баерн“, стои во соопштението.

Борусија во сабота ќе го одиграат дербито против Баварците и сакаат да ја искористат кризата во која се најде тимот од Минхен и на крајот остана без тренер.

Сепак, Милионерите покрај Санчо можеби нема да можат да сметаат ниту на Марко Ројс кој исто така е под знак прашалник поради повреда на стапалото, па работата ќе им биде отежната дополнително.