Проблеми за Јовиќ, Реал го продолжи договорот со Бензема, а сега купува нов талентиран напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „АС“ од таборот на Реал Мадрид се вклучиле во трката за напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Халанд.

19 годишниот норвешки репрезентативец е топ тема изминатиов период и се поврзува со трансфер во речиси сите големи европски клубови.

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул веќе го контактирале неговиот агент, додека за него се распрашувал и Јувентус.

19 годишниот Халанд има постигнато 18 погодоци на 11 натпревари оваа сезона и со право го привлече вниманието кон себе.