Проблеми за Мурињо пред дербито со Сити


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Настапот на Хенрик Михтаријан во претстојното градско дерби против Манчестер Сити е под знак прашање.

Михтаријан во пријателскиот меч меѓу Ерменија и Чешка здоби повреда на коленото и мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме, а прашање е дали ќе биде спремен за дербито кое се игра на 10 септември.

Состојбата со него го загрижи и менаџерот Жозе Мурињо, бидејќи после медицинските прегледи покажаа дека се мали шансите за одличниот Михтаријан да се опорави за дербито со Манчестер Сити.

Ерменецот на Олд Трафорд стигна во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд.

Сега во дресот на Манчестер Јунајтед одигра четири натпревари.