Проблеми за организаторите во Токио: Се појави ковид-19 во олимпиското село!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Организаторите на Олимписките игри (ОИ) во Токио соопштија дека во олимпиското село се појавил првиот случај на ковид-19.

Портпаролот на комитетот задолжен за организација на ОИ засега не открива дали станува збор за спортист или член на стручниот штаб, ниту од која земја доаѓа заразеното лице.

„Постои едно лице во селото. Тоа е прв регистриран случај и откриен при доаѓањето“, кажа портпаролот.

ОИ во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август, откако поради пандемијата беа одложени за цела година и во Јапонија се воведени строги мерки за да може воопшто да се реализираат.

„Се трудиме да спречиме ширење на ковид-19. Ако дојде до поголема зараза, тогаш имаме план за одговор“, кажа претседателката на организацискиот комитет, Сеико Хашимото.