Проблеми за Реал Мадрид – Хујсен се повреди!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нов кадровски проблем за Реал Мадрид се појави пред продолжението на сезоната. Клубот потврди дека 19-годишниот дефанзивец, Дин Хујсен, има мускулна повреда на левата нога.

Лекарскиот тим на „кралскиот клуб“ соопшти дека стоперот ќе отсуствува приближно две недели. Ова значи дека ќе го пропушти натпреварот против Хетафе во Ла Лига.

И покрај ова, навивачите може да се радуваат на оптимистички прогнози, бидејќи се очекува Хујсен да биде подготвен за „Ел Класико“ против Барселона.