Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полска не е единствената земја што одлучи да ја продолжи фудбалската сезона на крајот на мај. Чешка истото го стори вчера.
Извршниот одбор на ФС на Чешка на вчерашниот состанок донесе одлука фудбалската сезона во првата и втората лига да биде рестартирана на 25. мај по паузата поради пандемијата на коронавирус.
Пред да продолжи сезоната, Федерацијата ќе обезбеди тестови и сите играчи ќе бидат тестирани, додека од клубовите ќе се бара да одобрат продолжување на сезоната според упатствата на УЕФА.
До крајот на сезоната треба да се играат шест кола регуларно играње и плеј-оф во највисокиот ранг на чешкиот фудбал. Нема да има гледачи на трибините, што е целосно очекувано.
На стадионот ќе можат да присуствуваат најмногу 130 лица, вклучувајќи играчи, судии, службени лица и други. Владата го одобри натпреварувањето, одлука сè уште е во очекување на вкупниот број на луѓе кои ќе можат да се соберат за време на натпреварот.