Продолжува црниот период за Џака


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На Гранит Џака му беше одземена капитенската лента во Арсенал поради непочитување спрема лондонскиот клуб во текот на измената против Кристал Палас.

Џака за Арсенал не игра од 27. октомври и неславниот инцидент, а во меѓувреме капитенската лента ја превзема Обамејанг.

Швајцарскиот везен со косовско потекло се надеваше на повик за денешниот натпревар во Лига Европа, но Емери отиде чекор понапред и го доведе во прашање останувањето на Џака на Емиратите.

Откако Емери одби да одговори дали Џака воппшто ќе заигра во дресот на Топџиите повторно,  англиските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека следува продажба на 27-годишниот везен.

Инаку, Обамејанг не отпатува со тимот во Португалија, па се очекува дека против Гимареш капитенската лента ќе ја носи Хектор Белерин.