Продолжува вртоглавиот пад на кариерата на Халиловиќ: Хрватот ќе има нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ален Халиловиќ важеше за најголемиот бисер на хрватскиот фудбал кога од Динамо Загреб направи директен трансфер во Барселона.

Сепак во Каталонија не доби многу шанса, па беше селен на многу позајмици каде исто така не го покажуваше сиот свој потенцијал. Минатата сезона направи трансфер во Милан кој требаше да претставува пресвртница во неговата кариера, но ниту таму Хрватот не се изнаигра.

Откако за Милан одигра само три натпревари, Халиловиќ беше пратен на заем во редвите на Стандард Лиеж каде требаше да ја помине и оваа сезона. Сепак фудбалерот побарал да замине од клубот затоа што по првите четири кола воопшто не добил шанса.

Заинтересиран клуб за него е португалскиот Виторија Гимараеш кој е подготвен да му даде поголема  минутажа.