Проектилот на Чуамени и голот на Жиру ја носат Франција во полуфинале (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција ќе игра полуфинале на Мундијалот во Катар откако вечерва славеше со 2-1 против Англија.

Орелиен Чуамени прв ги израдува Французите откако постигна одличен гол во 17. минута од натпреварот, а до израмнување Англија стигна преку пеналот на Хари Кејн.

Оливие Жиру беше стрелец на вториот гол за „триколорите“, а потоа Кејн имаше шанса повторно да ја врати Англија во игра, но сепак утна од белата точка.

Франција во полуфинале ќе игра против Мароко, кој денеска славеше со 2-1 против Португалија.