„Промашениот пенал со Швајцарија и пропаднатиот трансфер во Реал ме направија – посилен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се наоѓа во одлична форма, а на последниот меч за неговата татковина постигна четири гола во триумфот против Казахстан (8-0).

Мбапе има бурно лето зад себе во кое промаши решавачки пенал против Швајцарија на Европското првенство (ЕП), а потоа му пропадна трансферот во Реал Мадрид затоа што ПСЖ не сакаше да го продаде.

„Тоа што се случуваше во минатото лето ме направи посилен. Промашениот пенал против Швајцарија, а потоа и пропаднатиот трансфер… Тоа се собира во вашиот тим и ги тестира вашите граници. Мислам дека одговорив на најдобар можен начин. Сега имам поголема самодоверба и посветен сум да одиграм добра сезона, знам дека сум способен за такво нешто“, вели Мбапе.