Промаши пенал и му се восхитуваат милиони: 14-годишно момче му одржа лекција на цел свет! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Несекојдневна сцена се случи на мечот на пионирите на Галатасарај и Истанбулспор, која го воодушеви целиот свет.

Капитенот на Галатасарај, 14-годишниот Бекназ Алмазбеков, им одржа лекција од фер-плеј на сите.

Бекназ падна во казнениот простор на противникот, откако падна самиот, а судијата згреши и покажа пенал.

Иако сите очекуваа дека момчето ќе го искористи пеналот по одлуката на арбитрот и ќе постигне гол, сепак тој намерно промаши и шутираше далеку од нивниот гол.

Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи, а цел свет му се восхитува на неговиот потег, зашто многу ретко може да се забележат вакви сцени, во кои победува фер-плејот.