Промашувањето од Јувентус од 50 милиони евра не сака да тренира – клубот ќе го избрка


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Претходната сезона на Даглас Луис во Италија може да се опише само како голема грешка, делумно и како една од големите мистерии на фудбалот и трансфер пазарот. Даглас Луис сѐ уште делува како страно тело во Јувентус кој никогаш не ја виде таа верзија на играчот каква што ја прикажуваше во последните сезони во Премиер лигата, во дресот на Астон Вила.

Сега е извесен неговиот раскин со торинскиот тим. Денес не се појави на подготовките на Јувентус, што клубот и официјално го потврди. Бразилскиот полушпиц требаше да одржи редовен претсезонски тренинг, но без никаква најава изостана од собирањето на тимот.

Јуве објави дека против него ќе преземе дисциплински мерки, а сè укажува на тоа дека 26-годишниот репрезентативец на Бразил ова лето ќе го напушти клубот, пренесува Фабрицио Романо. Даглас Луис дојде во Јувентус летото 2024 за 50 милиони евра плус бонуси, а во спротивна насока кон Астон Вила заминаа Енцо Баренечеа и Самјуел Илинг. За Јувентус има одиграно 27 натпревари и 877 минути.

Фото: Принтскрин