Промена на правилата за допинг поради Синер и Швјонтек


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Светската антидопинг агенција (ВАДА) донесе одлука да ги промени правилата за тестирање на тенисерите, а иновативните промени што ќе стапат на сила во 2027 година, можат да предизвикаат многу прашања.

Донесувањето на новите правила следеше по допинг скандалот со Јаник Синер и Ига Швјонтек.

Еве ги новините:

Наместо контаминиран производ, се преминува на изворот на контаминација и ќе се означи како непредвидлив извор на забранета супстанца.

Можен внес на забранети супстанци на најминимално пријавено ниво. Оттука, поставување минимални граници кои значат дека сè под тоа ниво не е позитивен тест за допинг.

Овие две новини значат дека тенисерите кои не учествувале непосредно во допингот, туку за тоа е виновен некој од тимот, како кај Синер и Швјонтек, ќе можат да се одбранат или да бидат казнети најмногу две години во зависност од степенот на допингот.