Пронајден човекот кој се фотографираше покрај телото на Марадона: Ќе гориш во пеколот! ?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Диего Марадона почина во средата од срцев удар, по што вчера беше закопан во близина на неговите родители. Сепак, една друга ситуација крена бура на социјалните мрежи.

Еден човек ја злоупотреби својата позиција за да направи фотографија со телото на Марадона, и тоа со кренат палец, а веднаш доби отказ.

Јавноста сега го доби и неговиот идентетет. Станува збор за Диего Молина, кој предизивка бес во цела Аргентина, а посебно кај пријателот и адвокат на легендарниот фудбалер.

„Лично ќе го пронајдам идиотот кој ја направи оваа фотографија. Тој идиот е Диего Молина. Тој се фотографирал покрај телото на Марадона. Нема да се откажам додека не платат за овој грев“, напиша адвокатот Матијас Морла.