Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра во Вардар, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска одржа прес-конференција на која беше посочено дека град Скопје и надлежните институции ги игнорираат проблемите со кои се соочува тимот.

Милорад Миленковски како претставник на „Комити“ кажа дека воделе преговори со странска фирма која сака да инвестира во Вардар, но поради односот на државата и градот Скопје ситуацијата е сложена.

„Странски инвеститор сака да вложи 18 милиони евра во Вардар, а со таа инвестиција би се покрил и основниот долг од три милиони евра. Сепак, игнорирањето на државата и град Скопје ги комплицира работите. Уште од 27 јуни бараме одговор, но засега – молк. Државата треба да се запраша дали со ваков однос се привлекува било каков инвеститор“, кажа Миленковски.