Пропаѓа ли трансферот на Гризман во Барселона?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Иако францускиот напаѓач сите веќе го видоа во дресот на каталонскиот великан, Мундо Депортиво тврди дека постои огромен проблем во реализацијата на трансферот.

Новинарот од овој медиум Францеск Агуилар тврди дека од „одредени“ причини трансферот е доведен во прашање и дека Барса припремила план Б доколку на крајот се пропадне.

Гризман би требало да ја чини Барса околу 120 милиони евра, но засега ништо не е готово и многу лесно би можело да се случи да не заврши во редовите на првакот на Шпанија.

Околу Гризман деновиве говореше и тренерот на Барселона Валверде:

„Точно е дека се остварени контакти околу овој договор и тоа сеуште трае. Но, сезоната за нас сеуште не е завршена и го имаме уште Купот на Кралот. Мораме да останеме фокусирани до крајот, а после финалето ќе има време за сите други работи. Моментално не сакаме да коментираме за играчи на други клубови“, рече Валверде.