Пророк: Легенда на „ѓаволите“ ја предвиде катастрофата против Ливерпул!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед доживеа вистинска катастрофа против Ливерпул (0-5) и понижување какво што не паметат „црвените ѓаволи“.

И додека сите зборуваат за отказ на Оле Гунар Солскјер, кој и понатаму се брани и верува дека е вистински човек за работата, навивачите се сетија на зборовите на Пол Сколс по драматичната победа против Аталанта од 3-2.

Легендарниот фудбалер на Јунајтед кажа дека пресвртот против Аталанта не значи ништо и порача дека ако играат така против Ливерпул или Манчестер сити им следи целосен распад, а токму тоа се случи.

„Треба да се слави секоја победа, но… првото полувреме ме загрижи. Јас додека гледав, во исто време размислував на Ливерпул и Манчестер сити. Ако играме така против нив, тогаш до полувреме ќе губиме со 0-3 или 0-4“, кажа Сколс.