Пророштвото на Марадона: Тој точно го најави она што се случува на СП


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Диего Марадона, еден од најголемите легенди во фудбалот, уште во 2018 година даде изненадувачки точно предвидување за Светското првенство кое се одржува токму сега во САД, Мексико и Канада. Аргентинската величина тогаш изјави дека организаторите поради реклами би сакале да воведат четири полувремиња. Осум години подоцна се чини дека беше во право.

Марадона во 2018 година со сомнеж ја гледаше доделбата на домаќинството на Северна Америка, предвидувајќи дека комерцијалните интереси ќе го надминат спортскиот дух. “Не ми се допаѓа тоа, нема страст. Канадците ќе бидат добри скијачи, а Американците сакаа да воведат четири четвртини по 25 минути поради реклами. На крајот ќе играме 100 минути”, рече тогаш Диего низ смеа.

Неговото предвидување се покажа како точно. Иако форматот на натпреварот не беше буквално променет на четири делови, воведени се паузи за хидратација за играчите поради високите температури. Тие се покажаа како совршена можност за телевизиските реклами. Покрај тоа, натпреварите со големи судиски надокнади сега редовно траат најмалку 100 минути, токму како што легендарниот Аргентинец предвиде.

Марадона и ден-денес за многумина е најдобриот фудбалер на сите времиња. Светскиот првак со Аргентина од 1986 година почина во 2020 година, откако претрпе кардиореспираторен застој во својата куќа во која се опоравуваше по неодамнешната операција на мозокот со која му беше отстранет крвен згруток.