Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Аргентина почнаа нагодувањата и шпекулациите за иднината на Марсело Гаљардо, шефот на стручниот штаб на тамошниот великан Ривер Плата.
Аргентинските медиуми и порано пренесуваа како Гаљардо, некогашниот фудбалер на ПСЖ и Монако, уште тогаш го привлекувал вниманието на управата на Барселона, а сега се појавија тврдења дека овој 43-годишен стручњак ќе биде замена за Ернесто Валверде на кормилото на каталонскиот тим.
Ваквите информации ги донесе новинарот Фернандо Цуз за време на емисијата PrimeraTapa на каналот TNT Sport. Тој, имено, тврди дека Гаљардо е првиот избор на Барселона доколку тимот кој е под тренерската палка на Ернесто Валверде набрзо не ги поправи игрите.
Наводно Гаљардо веќе разговараше со управата на Барселона, но во овој момент не може да донесе одлука бидејќи е фокусиран на борбата за нов трофеј во Copa Libertadoresa со својот тим.
Сепак, треба да се истакне дека Барселона има комплицирана задача доколку навистина одлучи да го ангажира Гаљардо бидејќи тој е врзан со договор со Ривер до 2021. година.
Без оглед на договорот, Гаљардо се поврзува со нови предизвици, а наводно и во блиско минато одбил сериозни понуди влучувајќи ја и онаа да го превземе кормилото на репрезентацијата на Аргентина.
Гаљардо е на кормилото на Ривер Плата од 2013. година, додека пред тоа го водеше унгарскиот Национал. Како играч ги бранеше боите на Ривер, Монако, ПСЖ, ДЦ Јунајтед и Национал.