Прв трипл-дабл за Батлер во плејофот: Мене не ме интересира тоа…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарите на Мајами хит со 115-104 победи против Лос Анџелес Лејкерс во третиот меч од НБА-финалето.

Мајами беше ослабен во третиот меч, но благодарение на Џими Батлер намали на 1-2 во серијата.

Уште ништо не е готово и има уште многу да се игра, а во редовите на Мајами се свесни за тоа.

Батлер одигра 45 минути во мечот и постигна 40 поени, 13 асистенции и 11 скокови, па го запиша првиот трипл-дабл во кариерата во плејофот.

„Размислував само за победа. Мене трипл-дабл не ме интересира, ме интересираат само победи!“, вели Батлер.