Првата судијка во Бундеслигата поради која Англичанец ја остави жена си – го напушта фудбалот! ?

Финалето на германскиот Суперкуп меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе биде последен меч на кој ќе се појави Бибијана Штајнхаус, која има 41 година.

По 12 години, симпатичната полицајка, инаку прва жена-судијка во машкиот фудбал, ќе ја заврши одличната кариера.

Таа во 2017 година ја делеше праведата на 23 меча во Бундеслигата, а судеше на три европски и светски првенства во женска конкуренција.

Штајнхаус е веќе четири години во врска со поранешниот судија Хауард Веб, со кој се запозна на еден курс за судии во УЕФА, а тој поради неа ја напушти сопругата Кеј и трите мали деца.