Првата желба на Клоп заврши во Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул својата шанса ја пропушти, но не и Милан.

Фудбалерот на Удинезе, Пјотр Зиелински кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Полскиот репрезентативец кој минатата сезона ја помина на позајмица во Емполи беше прва желба на Јирген Клоп, но до трансфер не дојде од непознати причини.

Во трка беше и Наполи, тренерот Сари одлично го познава, но нивната понуда од 15 милиони беше одбиена.

Како стојат работите, Милан беше одлучен, испрати поголема понуда која ја прифати Удинезе, па 22-годишниот репрезентативец ќе се пресели на Сан Сиро.