Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Аргентинецот Лионел Меси реши да дебитира како актер во една ТВ-серија.
Фудбалерот на ПСЖ ја прифатил поканата од авторот на популарната аргентинска серија „Лос Протекторс“ и ќе се појави во втората сезона.
Серијата е за тројца поранешни фудбалери кои банкротирале, а таа ги следи нивните обиди повторно да се вратат на нормален живот.
Сцените во кои се појавува Меси се веќе снимени, а продуцентот објави кадри од снимањето, додека втората сезона се очекува да биде емитувана следната година.