Првиот човек на Атлетико ја исмејува Барселона: Јас ќе ви ја платам казната за Гризман!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Барселона беше казнета со 300 евра поради преговори со Антоан Гризман без дозвола, додека тој уште беше член на Атлетико Мадрид.

Уште во март двете страни се договориле, па Французинот добил 14 милиони евра за договорот, додека во Атлетико не биле свесни што се случува.

Атлетико се жалеше поради тоа што Каталонците преговарале пред време со Гризман, па тие добија казна од само 300 евра, која не се подготвени да ја платат, па испратија жалба.

„Ќе ги платам јас тие 300 евра, колку што ја казнија Барселона. Не е тоа нормално, постојат правила кои треба да се почитуваат. Сакам навивачите на Барселона да го почитуваат како нашите. Но немој да се сомневате, ако се видиме, ќе те поздравам“, порача првиот човек на Атлетико.