Првиот човек на Јувентус објасни како навивачите го уценувале клубот и заработувале огромни суми на пари


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанските медиуми вчера објавија дека полицијата уапсила дури 12 навивачи на Јувентус кои со години го уценувале и го рекетирале италијанскиот првак.

Имено, полицијата после пријавата која стигнала од управата на Јувентус одлучила да направи рација и на крајот од неа да резултира со 12 уапсени навивачи на овој клуб кои се познати како водачи на најголемите групи од Торино. Оваа вест ги изненади припадниците на Јувентус бидејќи многумина не беа запознаени со ништо.

Меѓутоа, од полицијата вчеравечер објаснија дека Јувентус ги пријавил овие навивачи кои со години го рекетирале и уценувале клубот. Исто така, тие се обвинети и за перење на пари и насилство.

Сето ова го потврди и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели. Тој изјави дека клубот морал под итно да реаагира бидејќи навивачите го уценувале клубот со години дека ќе пеат расистички песни доколку не добијат гратис влезници за своите групи.

Кога би добиле одреден број на карти тие истите ги продавале на останатите навивачи и така заработувале огромни суми на пари. Ова ја шокираше јавноста бидејќи никој не ни сонуваше дека толку голем клуб како Јувентус ќе има такви проблеми со навивачите.

„Јувентус мораше да реагира и да го спречи тоа. Ултрасите го уценуваа клубот и ни се закануваа дека ќе пеат расистички песни и ќе прават разни инциденти доколку не им дадеме бесплатни карти и тоа бројка колку што тие ќе одредат. Немавме друго решение и моравме да го спречиме тоа. Се надеваме дека ова нема да предизвика негативен однос спрема клубот од страна на останатите верни навивачи“, изјави Агнели.