Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот претседател на Реал Мадрид – Рамон Калдерон смета дека враќањето во Тотенхем би било идеално решение за проблемите на Герет Бејл.
Жозе Мурињо пристигна на клупата на Тотенхем и веќе на големо се шпекулира околу играчите кои Португалецот е во план да ги доведе во Лондон, а според изјавата на поранешниот претседател на Реал – Рамон Калдерон, Герет Бејл можно е да биде еден од нив.
Поранешниот менаџер на Реал – Жозе Мурињо го наследи Маурицио Покетино на местото на менаџерот на Спарс, а Калдерон верува дека Бејл можно е да се врати во северен Лондон, каде има поминато шест сезони пред рекордниот трансфер во Реал во 2013. Година.
„Вистина е дека Мурињо го сака овој играч“, рече Калдерон за ББС Радио Вејлс, додавајќи: „Кога Жозе во 2017. сакаше тој да потпише за Манчестер Јунајтед, на Бејл му беше продолжен договорот во Реал.“
Бејл беше блиску до заминување во Кина, но ова лето Реал повторно се откажа од трансферот за да го задржи.
„Проблемот е тоа што сега нема понуди за Бејл. Се се случи летово кога Зидан изјави дека Бејл мора да замине што побрзо. Мислам дека малку се измачи со таа ситуација. Еден клуб од Кина сакаше да го купи. Платата е висока што очигледно тоа е проблем плус.“
Во Реал се шокирани од некои потези на Бејл, пред се со начинот на кој го прослави успешното квалификување на ЕП, но и поради фактот дека беше повреден, а потоа одеднаш заигра за Велс против Азарбејџан и Унгарија.
Но, тоа е проблем кој треба да го интересира Реал, а што се однесува до Мурињо – тој е спремен да потпише со Бејл и да го врати во Тотенхем, каде што навивачите до ден денес се тажни поради неговото заминување.