Првото засилување на Анчелоти во Евертон е веќе познато?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти треба до крајот на оваа седмица да биде претставен како нов тренер на Евертон, пренесува Скај Спорт.

Анчелоти пред седум дома доби отказ на клупата на Наполи, а се чини дека нема да остане долго без плата.

Иако се уште не е претставен во новиот клуб, почна да се шпекулира за тоа кое ќе биде новото засилување, а странските медиуми веќе спомнуваат дека тоа може да биде Златан Ибрахимовиќ.

По завршување на договорот со ЛА Галакси, Ибрахимовиќ се поврзува со бројни екипи пред се со екипи од Италија. Скај Спорт пред неколку месеци најави дека Ибрахимовиќ е интересен за еден клуб од Премиер лигата, а тоа не е Манчестер Јунајтед.

Сега се упатува на тоа дека тој клуб е Евертон, посебно поради фактот дека и Анчелоти е голем вљубеник на играчите од типот на Ибрахимовиќ. Иако замина од Наполи, клубот со кој Ибрахимовиќ ссе поврзуваше, Анчелоти не се откажа од намерата да ја повтори соработката која ја имаа двајцата во ПСЖ.

Моментално не знаеме колку е реално, ама Евертон е една од опциите за Ибрахимовиќ.