До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
ПСЖ се соочи со голем проблем пред полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн. Во денешниот пораз од Лион (1:2), се повреди клучниот играч од средниот ред, Витиња, чиј настап во претстојните европски судири сега е под големо прашање.
Португалскиот репрезентативец мораше да ја напушти играта во 39-та минута при водство на гостите од 2:0, а на негово место влезе Ворен Заир-Емери. Витиња, по еден воздушен дуел, незгодно приземји на десната нога и веднаш даде знак до клупата дека не може да продолжи. 26-годишниот играч од средниот ред прво отиде во соблекувалната, а потоа се врати на клупата куцајќи и без копачка, очигледно неспособен да се потпре на повредената нога. Тежината на повредата засега не е позната.
Поради повредата, станува неизвесно дали Витиња ќе биде подготвен за полуфиналните натпревари на Лигата на шампионите против Баерн. Првиот натпревар се игра веќе на 28 април во Париз, додека реваншот е закажан една недела подоцна на „Алијанц Арената“ во Минхен.
Од друга страна, и Баварците имаат големи проблеми со повреди. За натпреварот против ПСЖ, сигурно нема да конкурира Серж Гнабри. Офанзивниот играч од средниот ред се здобил со повреда на адукторот на тренингот пред натпреварот против Штутгарт (4:2). За него сезоната дефинитивно е завршена, а под знак прашање е и настапот на Светското првенство.
















