ПСЖ го претстави најновото засилување: Италијански репрезентативец нов фудбалер на „светците“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ предмалку и официјално го претставија најновото засилување на клубот.

Нов играч на францускиот шампион е италијанскиот репрезентативец, Алесандро Флоренци кој во ПСЖ доаѓа првично како позајмен фудбалер.

По истекот на едногодишната позајмица, ПСЖ ќе може целосно да го откупи неговиот договор од тимот на Рома.

Флоренци минатата сезона до јануари играше за Рома, а следните шест месеци ги мина како позајмен фудбалер во Валенсија, а во ПСЖ стигнува како директна замена за Томас Мение кој играше на десната бековска позиција и замина во Борусија Дортмунд.