ПСЖ го тужи Мбапе и бара огромна отштета

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен тврди дека нивната поранешна ѕвезда, Килијан Мбапе, должи отштета од 98 милиони евра. Тие истакнуваат дека неговите “тактики на одложување” довеле до финансиски и спортски загуби за клубот, објави францускиот радио „RMC“.

Според изјавите, ПСЖ верува дека Мбапе, поради своето однесување и одложувањето на одлуката за својата иднина, како и специфичните договорни услови, директно влијаел на финансиското работење на клубот и нанел конкретна штета.

„Војната“ меѓу обете страни трае долго време. Прво, Мбапе бараше од ПСЖ да ги исплати сите долгови, но сега францускиот шампион го возвраќа ударот кон него.

Фото: Grok AI