Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ синоќа во првото коло од Лига 1 го победи Нимс со 3-0 и на најдобар начин ја отвори новата сезона. Нејмар не беше во конкуренција на овој меч, но беше главна тема на трибините.
Имено, навивачите на овој клуб жестоко го навредуваа порачи фактот дека сака да го напушти ПСЖ. Јасно му дадоа до знаење дека треба да оди и дека не сакаат такви фудбалери во својата екипа.
Желбата на Нејмар е да се врати во Барселона и фактот дека навивачите го сакаат него надвор од тимот допринесува во преговорите на каталонскиот клуб со ПСЖ.
L’Equipe пренесува дека Барса и ПСЖ се близу до договор и дека би можел да биде постигнат во наредните денови. Наводно, Каталонците синоќа пратиле нова понуда за Нејмар и сега го нудат Кутињо и 100 милиони евра.
Од ПСЖ се изјасниле дека Нејмар би го пуштиле доколку Барса плати 140 милиони и плус Кутињо. Преговорите продолжуваат, но факт е дека Нехмар никогаш не бил поблизу до враќање во Барселона.