ПСЖ и Интер во финалето на Лигата на шампионите ќе се борат за историски висока заработка


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Финалето на Лигата на шампионите покрај спортскиот аспект носи и значајна финансиска корист за клубовите. Со воведување на новиот формат на натпреварувањето и измените во распределбата на приходите, Интер и ПСЖ, овогодишните финалисти, остварија најголема заработка по сезона во историјата на ова натпреварување.

Натпреварот се игра вечерва од 21 час на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. Победникот, заедно со освојувањето на трофејот, треба да оствари приход од приближно 150 милиони евра, што претставува досега највисок износ за еден клуб во сезоната на Лигата на шампионите.

Со самиот пласман во финалето, и Интер и ПСЖ го надминаа минатогодишниот вкупен приход на Реал Мадрид, кој ја освои Лигата на шампионите и заработи 138,8 милиони евра. Двата овогодишни финалиста веќе го надминаа прагот од 135 милиони евра. Интер имаше поголем профит во групната фаза благодарение на поголемиот број на победи, додека ПСЖ ја надомести таа разлика преку резултатите во нокаут фазата.

Клубот кој вечерва ќе победи ќе добие дополнителни 10,5 милиони евра, вклучувајќи четири милиони евра кои се однесуваат на учество во УЕФА Суперкупот против Тотенхем, победникот на Европската лига. Вкупниот приход на клубовите кои учествуваа во Лигата на шампионите и Суперкупот изнесува 2,4 милијарди евра. Иако бројот на учесници се зголеми од 32 на 36, просечните приходи по клуб исто така пораснаа. Во претходната сезона беа распределени вкупно две милијарди евра.

Фото: Принтскрин