ПСЖ има нов тренер: Анонимус доаѓа за 10 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ле Паризиен“ објави дека ПСЖ има нов тренер, кој нема многу меѓународно искуство, а тоа е Кристоф Галтие кој треба да биде претставен на кормилото на шампионот.

ПСЖ постигнал договор со 55-годишниот стратег, кој минатата сезона ја предводеше Ница, а во Париз треба да биде промовиран во понеделник.

Тренерот кој нема големо искуство на меѓународна сцена ќе биде откупен за сума од 10 милиони евра.

Галтие направи сензација пред неколку сезони со Лил, кога ја освои шампионската титула пред ѕвездениот тим на ПСЖ.

ПСЖ во меѓувреме ќе го раскине договорот со Маурицио Покетино, кој нема да жали премногу затоа што ќе му бидат исплатени 15 милиони евра како отштета.