ПСЖ ќе биде главен на трансфер-маркетот: Познати се главните желби на Покетино!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ во следниот преоден рок ќе биде главен на трансфер маркетот, барем така пишува „АС“. Маурицио Покетино на клупата на францускиот гигант има неколку желби за да ја нападне титулата во Лигата на шампиони.

Парижаните на лето ќе се обидат да го ангажираат Лионел Меси, а главен адут му е Покетино, кој ќе направи што може за да го убеди Аргентинецот да потпише за ПСЖ.

Меси минатото лето беше на излезни врати од Барселона, но сепак реши да остане уште една сезона во Барселона.

Парижаните сакаат да се засилуваат и во одбраната, и тоа со Серхио Рамос, кој не успеа да се договори со Реал Мадрид за нова соработка.