ПСЖ ќе го враќа Нејмар во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона наводно го договорила трансферот на Нејмар од ПСЖ, а оваа вест ја објави „БиИн Спортс“, иако засега нема потврда од ниту една инволвирана страна.

Бразилецот треба да се пресели на „Камп Ноу“ на позајмица во својот поранешен тим од кој претходно замина во 2017 година за 222 милиони евра во ПСЖ.

Каталонскиот гигант се согласил да исплати 70 отсто од вкупната плата на бразилскиот фудбалер, додека останува непознато дали во неговиот договор ќе има откупна клаузула.

Нејмар доби неколку богати понуди од Саудиска Арабија, но кажа дека сака да остане во Европа и да игра фудбал на врвно ниво.

Бразилскиот фудбалер досега настапи на 173 меча за парижаните и притоа постигна 118 гола и 77 асистенции.