Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тековната сезона се приближува кон крајот, а со тоа и летниот трансфер-период, па шпекулациите кружат со брзина на светлината без оглед на важните натпревари на некои клубови.
Пари Сен Жермен уште нема официјално потврдено титулата на првак на Франција, но се на добар пат да стигнат до второ последователно финале на Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од полуфиналето вчера вечер го победија минхенскиот Баерн со 5:4.
Уште еднаш демонстрираа дека имаат еден од најдобрите, ако не и најдобриот напад во светот со Хвича Кварацхелија, Усман Дембеле и Дезире Дуе, а тука се и во позадина Бредли Баркола, како и Гонзало Рамош и други…
Сепак, тоа не ги спречува да гледаат кон нови имиња. Последните месеци од “Паркот на принцовите” се испраќаат сигнали кон кнежевството, односно Магнес Аклиуш. Францускиот крилен фудбалер е високо на листата на желби на Луис Кампос и Луис Енрике, а и тој е јасен: ПСЖ му е приоритет, известува Скај Спорт.
Во Монако се свесни дека некоја од младите ѕвезди ќе мора да го напушти клубот и дека е времето Магнес Аклиуш да направи поголем чекор, па веќе се бара наследник, како во академијата, така и однадвор.












