ПСЖ му се одмазди на Баерн Минхен, два гола за Мбапе! 🎥

Вечерва се одиграа нови натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во дербито кое го играат Баерн и ПСЖ, гостите од Париз предводени од Нејмар и Мбапе успеаа да дојдат од триумф. 

Мбапе го отвори резултатот уште во третата минута, а во 28. минута Маркињос зголеми на 0:2. Асистент за двата гола беше Нејмар. Пред крајот на полувремето Чупо Мотинг постигна гол за намалување на 1:2.

После 15 минути во вториот дел Милер постигна гол за изедначување. Сепак, осум минути подоцна Мбапе со својот втор гол ги постави конечните 2:3.

Во вториот натпревар Челзи не дозволи изненадување и го совлада Порто со 0:2. Челзи постигна по еден гол во прво и второ полувреме, а стрелци беа Маунт и Чилвел.